Унгарија: Кој се дрогира - ќе остане без куќа
Новиот закон во Унгарија против злоупотреба на дрога е официјално усвоен, а тој предвидува построги казни за прекршителите, изјави денес комесарот на унгарската влада за борба против трговијата со дрога, Ласло Хорват.
Хорват во видео објавено на Фејсбук рече дека нема да има помилување и дека дилерите на дрога, според новиот закон, ќе се соочат со заплена на имот, депортација или затвор од јуни, и дека нема да има условна слобода.
Тој посочи дека владата на Унгарија им објави војна на дилерите на дрога во март, бидејќи брзото ширење на синтетичките дроги ги загрозува младите луѓе, па дури и децата, објави МТИ.
Хорват изјави дека новиот закон е наменет „за опремување на полицијата со брзи и ефикасни нови алатки“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа