Жолт аларм во Словенија
Во Словенија е прогласен жолт аларм поради поројните дождови, кои во текот на ноќта ја погодија земјата и кои според најавите на метеоролозите ќе продолжат и следните денови.
Метеоролозите прогнозираа дека денеска ќе биде прогласен највисок степен на опасност од поплави, односно црвен аларм.
Се прогнозира дела следните часови и денови ќе наврнат над сто литри дожд на квадратен метар во целата земја.
Словенија минатиот месец беше погодена од поплави, кои го засегнаа и главниот град Љубљана.
06.11.2014 - 09:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа