Новинарка стана проститутка- еве што и се случило

 

Кружат приказни дека во Белград проституцијата цвета, па поради овие гласини новинарката на српски Телеграф, решила да се преобрази во проститутка и се упатила кон леглото.

Додека стоев на улица, во кратко црвено фустанче и високи потпетици, поминуваа луѓе кои ми упатуваа прекорувачки поглед кој кажуваше ми се гади од тебе. Цели два часа седев на ладното време, опкружена со проститутки. Додека тие меѓусебно разговараа стоев настрана и бев преплашена, стои во тектот на новинарката со необично животно искуство. 

'Работиш ли? Ќе има ли некој секс вечерва? Тивко до мене дојде еден старец и ми понуди околу 64 куни за секс, напишала новинарката.

Кога му реков дека сум нова во ова, тој гласно ми се изнасмеа и ми одговори- Слушај мала јас не сум нов. Ова е повеќе од доволно. Никогаш за ништо немам дадено повеќе пари, па затоа не се обидувај од мене да извлечеш било што.

На специјалната задача, новинарката дознала дека цената на проститутките во просек е 20 евра и дека девојките, најчесто ромки стојат на улицата од пет часот попладне па до раните утрински часови.

 

06.11.2014 - 09:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега