Со бебето в раце се фрлила од тераса
Со бебето во раце се фрлила од третиот спрат на зградата во која живеела. Српските медиуми пренесуваат страшна приказна од настан кој се случил во Грац, Австрија.
Според објавените информации, мајката на возраст од педесетина години најверојатно имла психички проблеми. Таа имала паничен страв од поранешниот маж.
Вчера нешто по 15 часот на вратата од нејзиниот став заѕвонил еден од двајцата синови близнаци кои ги имала со поранешниот маж. Таа мислејќи дека е нивниот татко, во паника, го зела детето во раце и скокнала од прозорот на станот. Случајни минувачи повикале Брза Помош по што жената и бебето се префрлени во болница. И мајката и ќерката имаат тешки повреди и се борат за живот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа