Трамп потпиша договори со Катар вредни милијарди долари

 

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и катарскиот емир шеикот, Тамим бин Хамад ал-Тани, потпишаа серија договори во Доха, за време на вториот ден од четиридневната турнеја на Трамп низ земјите од Персискиот Залив.

Според соопштението на Белата куќа, потпишани се договори кои треба да генерираат „економска размена во вредност од најмалку 1,2 трилиони долари“, додека конкретните билатерални зделки се проценуваат на повеќе од 243,5 милијарди долари.

Покрај Боинг, големи договори добија и американската компанија Парсонс (технолошка инфраструктура) со договор вреден 97 милијарди долари и енергетската инженерска компанија Мекдермот со договор од 8,5 милијарди долари.

Белата куќа, исто така, го нагласи „забрзувањето на одбранбените инвестиции на Катар во САД“, вклучувајќи го и системот за контра-дронови произведен од „Рејтеон“.

Денешната посета на Катар доаѓа еден ден по спектакуларниот престој на Трамп во Саудиска Арабија, каде што тој и принцот Мохамед бин Салман потпишаа рекорден договор за одбрана вреден 142 милијарди долари, а саудиската страна најави инвестиции кои во иднина би можеле да достигнат 1.000 милијарди долари.

Утрото Трамп учествуваше на самитот со лидерите на земјите од Персискиот залив во Доха и рече дека сака „да постигне договор со Иран“.

Тој најави и укинување на сите санкции за Сирија, а утрото се сретна со сирискиот претседател Ахмед ал Шара, кого го опиша како „згодно и силно момче“.

Трамп вечерва ќе присуствува на свечена државна вечера во главниот град на Катар, а во петок ќе ја продолжи турнејата со посета на Обединетите Арапски Емирати.

 
14.05.2025 - 19:47

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега