Ќе те убијат луѓе од Косово- нотарка му се заканувала на градоначалникот со убиство

 
Борис Поповиќ победил на изборите за градоначалник на Копер но не ни претпоставувал дека неговата противкандидатка би можела д аму нанесе големо зло. Нотарката Полка Бошковиќ, која Борис ја победил на изборите му се заканувала со убиство и местење на судски процес против него.

Градоначалникот на Копeр, Борис Поповиќ, добил сериозни смртни закани од Полка Бошковиќ, градска нотарка, која била негов противкандидат на изборите одржани во октомври.

Бошкович била снимена додека зборувала дека нејзиниот конкурент ќе биде убиен и дека нејзината мајка ѝ кажала “дека доколку ѝ фали едно влакно на главата, Поповиќ ќе биде убиен од “луѓе кои војувале на Косово””. “Тоа се луѓе кои војувале на Косово. Немаат што да загубат. Јас не знам тој што мисли, дека нема да оди во затвор?”, вели Бошковиќ. Снимката била емитувана на Radio Kapris, а сега кружи на Јутуб.

Понатаму, Бошковиќ вели дека против Поповиќ води 30 постапки и дека би му било паметно да ја остави на мира. Исто така се пофалила дека има влијание на судијката Мери Микач, која го водела тие процеси.

Таа додала дека Поповиќ има жена и деца и дека би му било паметно да престане, а доколку не го направи тоа, ќе го убијат Црногорци кои војувале на Косово.

13.11.2014 - 10:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега