Обвинението за воени злосторства против Оливер Ивановиќ е потвредно
Меѓународен судија го отфрлил како неосновано, барањето на одбраната за ослободување од обвиненијата за воени злосторства подигнати од Основниот суд во Косовска Митровица против спрскиот политичар од северниот дел на Косовска Оливер Ивановиќ.
Обвинението за тешки убиства не е повлечено и за остантите четворица Срби.
Според електронското издание на приштинскиот весник „Експрес“ останатите четворица се Драгољуб Делибашиќ, Илија и Небојша Вујачиќ и Александар Лазовиќ.
Во соопштението на европската мисија за спроведување на законот, Еулекс стои „тројца се обвинети за тешки убиства и обиди за тешки убиства, додека двајца од обвинетите се товарат за поттикнување на вршење на овие дела. Еден од нив се товари за воени злосторства“.
- Оливер Ивановиќ, претседател на граѓанската иницијатива Србија, правда, и демократија, беше уапсен на 27 јануари, под обвинение за воени злосторства извршени во 1999 и за тешки убиства во 2000 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа