ФОТО/ВИДЕО: Момчето кое го шутираше старецот - „толку смрдеше што патниците ме замолија да го исфрлам“

 

Стефан Џиконовиќ кој вчера беше уапсен поради тоа што брутално го тепаше старецот на влезот во трамвајот со линија број 2, изјави на сослушување дека на снимката е прикажано само дел од тоа што навистина се случувало. Како и тоа дека старецот толку смрдел што патниците се жалеле и тој морал да го исфрли.

„На барање на една бремена жена и уште една друга, го исфрлив надвор, но тој почна да ме пцуе и потоа се случи тоа што го има на снимката. Старецот толку смрдеше што патниците се жалеа, па морав да го исфрлам“, објасни Џикановиќ на сослушувањето.

На крајот старецот според наводите на Џикановиќ се вратил во трамвајот.

Според сознанијата судијата за претходнат постапка на Првиот основен суд, му одреди на Стефан, притвор од 30 дена поради опасност дека би можел да влијае на сведоците.

 

Тој на сослушувањето исто така дополни дека се кае поради тоа што го направил.

13.11.2014 - 18:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега