Иса Мустафа - кандидат за премиер на Косово

 

 

Лидерот на Алијансата за иднина на Косово (АИК) Рамуш Харадинај прифати позицијата кандидат за косовски премиер да ја препушти на лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) Иса Мустафа.

Според телевизијата, лидерите на коалицијата ВЛАН денеска ќе одржат состанок на кој ќе биде објавен нов политички договор на коалицискиот блок, во кој освен АИК и ДСК, дел се и Иницијативата за Косово и движењето „Самоопределување“, пренесува Танјуг.

Високиот претставник на „Самоопределување“ Висар Имери во емисијата „Интерактив“ на телевизијата „Кохавижн“ изјави дека не е запознаен дали е постигнат договор Мустафа да биде кандидат на коалицијата ВЛАН за премиер.

Според него, сепак ниту една партија од коалицијата нема да разговара со Демократската партија на Косово (ДПК) на премиерот во заминување Хашим Тачи, за нејзино вклучување во идната влада на Косово.

Изборите на Косово се одржаа на 8 јуни. Партијата на Тачи ДПК освои најмногу гласови и 37 пратенички места во Собранието на Косово, но недоволно за формирање на влада. Блокадата на ковоските институции веќе трае шест месеци

14.11.2014 - 09:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега