Уапсени и осомничени за тероризам 11 лица од БиХ

 

  

Агенција за разузнавање и заштита (СИПА) уапси 11 лица кои се осомничени за тероризам и со тоа продолжувајќи ја акцијата под име „Дамаск“.

На објекти на повеќе населени места се извршени претреси се со цел да се конфискуваат предмети кои ќе служат како доказен материјал во понатамошната истрага.

Операцијаат „Дамаск“ е насочена кон откривање докази, што ќе откријат врски на уапсените со граѓани на Босна и Херцеговина, што војуваат во Сирија и Ирак на страната на радикалните терористички организации и групи.

Во акцијата се вклучени повеќе од 100 полициски службеници.

14.11.2014 - 13:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега