Пејачот Џеј плаче со денови - еве зошто
Фолк пејачот Џеј Рамадановски со денови е во шок и плаче откако почина неговата поранешна девојка Дубравка која пред 22 години глумела во неговиот спот „Где чеш сад, моја ружо“.
„Неколку дена пред да слушне за смртта на Дубравка тој зборуваше за неа со еден пријател кажувајќи му дека би сакал да ја види сега и дека е сигурен оти и сега би го маѓепсала со својата убавина. И еве што се случи. Со денови тагува по неа и постојано плаче. Дури испи и апчиња за смирување кога слушна дека ненадејно починала. Дубравка на времето кога ги снимаа спотот со Џеј беше една од најубавите девојки во Белград, а имаше и посебно место во срцето на Џеј“, кажал извор и додал: „Тој во тоа време веќе беше во брак со Нада и ја имаа ќерката Ана, но чаршијата шпекулираше дека по снимањето на спотот имал страсна романса. Долго време беше вљубен во неа, како што беа речиси и сите момчиња од Дорќол, но никогаш не призна дали помеѓу нив имало нешто повеќе од пријателство“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа