240 милиони евра од ЕУ за Бугарија
Европската комисија ги одмрзна парите од фондовите на Европската унија за Бугарија, па од денеска ги рестартира исплатите во рамките на Оперативната програма за животна средина.
Еврокомисијата ги информираше новите бугарски власти на чело со премиерот Бојко Борисов дека исплатите од фондовите на ЕУ во рамки на Оперативната програма (ОП) за животната средина за програмскиот период 2007-2013 се обновени. Па, така, Комисијата продолжи со првата исплата на 166 милиони евра од Кохезискиот фонд и 74 милиони евра од Европскиот фонд за регионален развој (ЕРДФ).
Според Европската комисија, денешната одлука е поврзана со мисијата во Бугарија во октомври 2014 година и дека Бугарите си ја завршиле домашната работа и затоа сега ги добиваат овие средства. А, плаќањата на ЕУ кон Бугарија беа прекинати во рамки на Оперативната програма за животна средба, при што за периодот од 2007 до 2013 година се предвидени 1,4 милијарди евра европска помош за нашиот источен сосед.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа