ВИДЕО: Мажот што се закануваше со пиштол пред српската Влада се предаде

 

Неидентификуван маж вооружен со пиштол, кој утринава околу 10 часот дошол пред зградата на Владата на Република Србија, заканувајќи се дека ќе се самоубие, четириесет и пет минути подоцна и се предал на полицијата, пренесува српски Курир.

Иако не испукал ниту еден куршум, неименуваниот маж неконтролираномавтал со пиштолот, вперен кон зградата на Владата. Во моментот кога одлучил мирно да и се предаде на полицијата, тој го фрлил пиштолот кон полицијата, но оружјето паднало на земјата. За среќа никој не бил повреден, а во истиот момент напаѓачот бил повлечен во зградата на Владата. 

Според неофицијални информации станува збор за маж на возраст од околу четириесет години, кој најверојатно е воен пензионеркон кој државата има голем неподмирен долг од неверојатни милион динари. 

Тој тврдел и дека има уплатница на која јасно пишува дека долговите не му се платени и истата ја покажувал пред присутните во центарот на Белград. 

Очајниот маж бил примен на средба од страна на министерот за одбрана, Братислав Гашиќ, а нивниот состанок во моментов се следи под будното око на српската полиција. 

14.11.2014 - 18:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега