Албански новинар со 20.000 евра месечна плата
Еден од најуспешните уредници на информативните редакции во албанските медиуми Анди Бејтја, ја напушта телевизијата Клан и преминува во Агон чанел.
До тука, како што јави дописникот на МИА, ова и не е некоја вест зашто преминувањето од еден во друг медиум е нормална и редовна појава. Но, Бејтја во Агон чанел, телевизија чиј сопственик е италијански бизнисмен, преминува за голема сума пари од која фаќа несвестица, пренесуваат албанските медиуми, повикуваајќи се на порталот „Опозита“.
Месечната плата за која Бејтја ја менува редакцијата изнесува 20.000 евра.
Инаку, Анди Бејтја претходно беше уредник на информативниот дел во Топ-чанел, потоа премина во телевизијата Визион плус, па во Клан ТВ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа