Си ја убил сопругата па се самоубил - две деца останаа без татко

 

Трагедија утрово ја потресе Србија. Владан Секулиќ, поранешен полицаец од Нови Пазар си ја убил сопругата, па посегнал по својот живот. Според податоците на српскиот Курир, полицаецот со неколку куршуми ја убил својата 37-годишна сопруга Светлана, а потоа и самиот си пресудил со истата пушка со која и го одзел животот и неа.

- Ништо не навестуваше дека може да се случи ваков злочин. Не слушнавме ни дека се расправаат, никој не го очекуваше ова, велат соседите кои се шокирани.

Владан до пред 15 години работел во полиција, а потоа се вработил во друга фирма. Како што велат оние кои го познаваат, бил вреден, работлив и културен, но неодамна ја оперирал кичмата и од тогаш станал депресивен.

Владан остави две деца без мајка и татко. Едниот син студира факултет, а другиот е шесто одделение.

Полицијата го истражува убиството.

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега