Дрон на полицијата откри скриено оружје близу границата со Албанија
Полициски службеници од Регионален центар запад пронашле пиштол во близина на автомобил паркиран во импровизиран објект на планината Јабланица, во близина на граничната линија со Република Албанија, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, вчера, при контроли и надзор на граничната линија со Република Албанија, извршени со дрон во атарот на струшкото село Модрич и шумските појаси на планина Јабланица, полициските службеници во импровизиран објект забележале патничко возило „мицубиши“ со албански национални ознаки.
-При преглед на теренот, во близина на возилото пронајден е пиштол „Берета“, кој е подигнат за понатамошна постапка. Увид на местото извршија полициски службеници од ОВР Дебар и во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на настанот, изјави портпаролот Стефан Димоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа