Најмногу се гради во Скопје
Според податоците на Државниот завод за статистика, најмногу градежни работи се извршени во Скопскиот регион. Веднаш зад него се Пелагонискиот и Источниот регион.
Деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност, во 2012 година извршиле градежни работи во вредност од 18.470.289.000 денари. Од оваа сума, 6.540.697.000 денари се за објекти во индивидуална сопственост.
Минатата година се градени вкупно 1.507 објекти и завршени се вкупно 1.259 станови. Вкупната површина на становите е 92.402 метри квадратни, од кои 1.172 се во индивидуална сопственост.
Просечната корисна површина на готовите станови изнесува 73,4 метри квадратни.