Поранешниот шеф на НАТО: Привремено предадете му дел од територијата на Путин

 

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, предложи Украина „привремено“ да направи територијални отстапки кон Руската Федерација со цел што поскоро да се воспостави примирје. Своите ставови ги објасни во интервју за „Табела“, германска медиумска куќа.

Тој нагласи дека дипломатските преговори и компромисот можат да го отворат патот за договор кон прекин на огнот.

„Потребна ни е линија за прекин на огнот, и секако  ова треба да ги вклучи сите области кои моментално се под руска контрола. Но, гледаме дека тоа можеби нема да биде реално остварливо во блиска иднина. Ако линијата за прекин на огнот значи дека Русија продолжува да ги контролира сите окупирани територии, тоа не значи дека Украина мора засекогаш да се откаже од територијата“, рече Столтенберг.

Тој ја истакна важноста за обезбедување безбедносни гаранции за Киев во замена за какви било територијални размислувања како дел од договорот за прекин на огнот. Иако членството во НАТО е опција, поради што Украина денеска испрати своевиден „ултиматум“, тој наведува дека „има и други начини за поддршка на Украина“.

03.12.2024 - 20:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега