ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да инвестира во училиште Жерновски троши на партиски вработувања
Андреј Жерновски во време на изборите ветуваше дека врвен приоритет ќе му бидат граѓаните и нивните потреби. За жал се покажа дека негов врвен приоритет се неговите и интересите на неговите сопартијци.
Андреј Жерновски сеуште нема направено ниту еден значаен проект за граѓаните на Центар, но тоа не му сметаше во општина Центар да вработи 23 свои сопартијци. Впрочем затоа парите кои беа предвидени за изградба на училиште во Капиштец, тој ги пренасочи за нови привремени, овојпат партиски, вработувања.
Да биде скандалот поголем, овие вработувања не се во нормалната законска постапка, со распишан конкурс на кој ќе може да се пријават сите невработени граѓани, туку се директна и лична одлука на градоначалникот Жерновски. Тоа значи дека не може секој граѓанин да се вработи во општина Центар, туку мора да е член на ЛДП или СДСМ или да е личен пријател на Андреј Жерновски.
Ова зголемување на администрацијата за околу 20% доаѓа во време кога г-нот Жерновски се жали дека нема средства да ги реализира основните проекти од значење на граѓаните на Центар. Не може да се избегне фактот дека во Општина Центар има вработено административци кои имаат искуство во својата работа од над 10, 15 или 20 години и кои се искусни во својата работа, а со своите потези Жерновски ги потценува и лично нив.
Така тој во својата општина ја вработи неговата сопартијка Роза Кареска Топузоска, доскорешен пратеник од Прилеп.
Во општината тој најде место за само прогласеите независни новинарки Катерина Арсовка од А1 и Офелија Ивановска од Фокус. Тие што мислеле дека ова се назависни новинарки денес, имаат имаат силен аргумент да се чуствуваат излажани. Овие новинарки очигледно во изминатиот период наместо со објективно новинарство се занимавале со рекламирање на Андреј Жерновски.
Во Општина Центар како нововработени се водат Соња Николовска, Душан Велиновски и Бисера Јакимовска сите членови на неговата Либерлно Демократска Партија.
Освен нив во општина центар во секторот за инспекциски надзор се вработени Дејан Тодоровски, Кети Штерјова и двајцата бивши советници од СДСМ во претходниот состав на советот. Како што вели неговиот опозициски лидер Зоран Заев, ќе влегуваме од хигиеничарка па до министер, така направи и Андреј Жерновски. Не само што ги вработи своите активисти, туку почна да вработува и нивни роднини. Така откако го вработи Дејан Тодоровски, вработи и негов близок член на семејството. Очигледно зборовите и заканите на Зоран Заев се применуваат на дело во Oпштина Центар.
Уште поалармантна е ситуацијата во ЈП Паркинзи Oпштина Центар, каде новоназначеното раководтсво вработува исклучиво кадри од активистите на двете партии ЛДП и СДСМ. Така во ова јавно претпријатие се вработени Вангел Андрески, Благуња Јандриоска, Дарко Гиговски, Орхидеја Бондикова сите до еден членови на СДСМ.
Листата на ново вработени и во општина Центар и во ЈП ПОЦ е долга и сите тие се членови на СДСМ или ЛДП.
Наместо парите на граѓаните Андреј Жерновски да ги троши за партиски вработувања, тој тие пари треба да ги користи за изградба на нови училишта, градинки, паркови, паркинг места и подобра комунална инфраструктура.
(Интегрален текст од прес-конференција на Томислав Лазаров, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар)