ВМРО-НП дели исти ставови со грчкиот претседател?

 

Партијата на Љубчо Георгиевски, ВМРО-НП пред една недела испрати соопштение до јавноста во кое повикаа на преиспитување на, како што велат, таканаречениот македонизам, потсетува Курир.

- Овој доблесен чин само конечно ни потврдува дека нешто не е во ред со македонското општество, и дека сериозно треба да го преиспитаме таканаречениот македонизам, и да ги прифатиме и примениме принципите на демократијата кон која се стремиме, стоeше во минатоделното соопштение од ВМРО-НП.

Ставот на ВМРО-НП, пишува Курир, се совпаѓа со ставовите на Бугарија и официјална Атина. Порталот потсетува дека грчкиот претседател Каролос Папуљас за српска „Политика“ изјави:

-Се' додека Скопје инсистира на идеологијата на Македонизмот вратите на НАТО за нив ќе останат затворени, а нивната европска интеграција замрзната.

- Ова не е прв пат јавноста да реагира на ставовите на партијата на Георгиевски, оценувајќи ги како опасни и за идентитетот на македонските граѓани и на Република Македонија.

ФОТО: vmro-np.org.mk

најчитано сега