ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски ја манипулира јавноста - Центар е далеку од гасификација

 

Oд владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагираат на вчерашната изјава на градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски. Пресс24 интегрално ви го пренесува соопштението од партијата.

Во однос на написите дека со приклучокот на училиштето “Димитар Миладинов” започнала гасификацијата на Општина Центар би го истакнале следново:

Градоначалникот Жерновски во недостаток на свои, почна да се фали со проекти кои се на Владата и градот Скопје. Згора на тоа се служи со полувистини и извртени факти. Примарната гасоводна мрежа која се гради низ Скојпје е проект на компанијата ГАМА која меѓудругото половина е во државна сопственост.

Главните гасоводни артерии кои се градат во Скопје поминуваат покрај главните крстосници за што одобрение за градба дава градот Скопје и градоначалникот Коце Трајановски.

Од друга страна, приклучокот на еден крак на таа мрежа, како што е со случајот со училиштето “Димитар Миладинов”, проект кој беше отпочнат од претходникот на Жерновски, не значи гасификација на општина Центар. Како што Жерновски се обидува да прикаже.

Фактот што Жерновски манипулира со оваа тема покажува дека Центар под капата на Жерновски е далеку од гасификација. И понатаму надзорот на три прегорени електрични столбови останува единствениот проект на Жерновски во времето кое тој раководи со општината.

најчитано сега