И Ана Данева распали по СДСМ

 

Екс потпретседателката на СДСМ, Ана Павловска Данева, даде свој коментар на ставот на Јани Макрадули, кој пред неколку дена објави дека е против промената на статутот на партијата. Според Данева, демократски е, и сосема нормално да има различни мислења во една партија.

На статусот на Макрадули во кој тој вели дека е против промената на статутот „бидејќи именувањето и разрешувањето од страна на еден човек (добро два), ниту има врска со демократски процедури, а за некакво јавно пролкамирано единство и да не зборуваме“, свои коментари дале и членови на СДСМ. Дел од нив го делат мислењето на Макрадули, а други не се согласуваат.

Данева даде свој коментар во кој вели дека „белки новото раководство не доби мандат да се справува со своите членови што поинаку мислат за одредени прашања".

- Дечки бе, дај освестете се. Не е Јани, ниту кој било наш член, активист или симпатизер што има сопствен став цел на нашата борба. Белки новото раководство не доби мандат да се справува со своите членови што поинаку мислат за одредени прашања, туку за да нѐ донесе до победа, да понуди концепт за рушење на режимов. Навистина ли посакувате да сте членови на партија во која нема да има различни мислења, дискусии, дебати, дури ни кога е во прашање менување на суштински одредби од статутот? Па, тогаш по што ќе се разликуваме од Груевски и неговото водење на партијата, а за жал и на државата, напишала Павловска Данева.

најчитано сега