СДСМ: Груевски се согласи на промена на името во 2008

 

Сакаме да ги потсетиме ВМРО-ДПМНЕ дека токму Антонио Милошоски, поранешниот министер за надворешни работи во владата на Никола Груевски, со својот потпис до генералниот секретар на Обединетите Нации, потврди дека во 2008 година премиерот Груевски се согласил за промена на нашето уставно име во Република Македонија (Скопје), без објаснување за ниту еден од деталите кои денес ги бараат од опозицијата.

Затоа, најблаго речено, неумесна е денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ, да поставуваат прашања до СДСМ, а притоа пет години да ја држат во информативен мрак и јавноста и Собранието за преговарачкиот процес и за позициите со кои настапуваат пред посредникот Нимиц“,

(Интегрален текст од писмена реакција на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ)

најчитано сега