Трајковски: Во Гази Баба ќе продолжиме со изградба на детско забавни катчиња, паркови како и фитнес зони
Во изминатите осум години во секое населено место се изградија 47 детско забавни катчиња, место кое нашите најмлади го користат за дружење и за забава, а така ќе продолжиме и во следниот период, вели кандидатот за градоначалник на Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тони Трајковски.
-Ќе продолжиме со изградба на детско забавни катчиња во секоја населба и во секое населено место, а ќе продолжиме и со поставување на фитнес справи како и урбана опрема во парковите во сите населби и во сите населени места. Ќе продолжиме и со изградба на трим патека на падините на Скопска Црна Гора, во паркот на природата во Гази Баба како и ќе направиме доуредување на патеката покрај реката вардар од Ќерамидница кон Трубарево, место кое што граѓаните можат во иднина да го користат за возење велосипед, истакна Трајковски.
Тој додава дека со реализација на овие проекти ќе придонесеме младите повеќе да спортуваат.
-Во делот на урбаната опрема ќе поставиме 500 нови клупи и 500 нови канти за отпадоци, ќе изградиме 20 нови летниковци и ќе поставиме 20 фонтани за вода за пиење во нашите паркови. Заедно да го заокружиме бројот 13 за нови детски игралишта, нова урбана опрема и фитнес зони, вели Трајковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа