Бочварски вети изградба на обиколница до штипската бања Кежовица

 

Изградба на обиколница од населбата Пребег до бањата Кежовица е еден од капиталните проекти на новата локална власт, најави на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник на СДСМ за Општина Штип, Благој Бочварски.

- Во делот на станбеното домување Штип ќе се развива во овој дел, а новиот Урбанистички план кој ќе го донесеме ќе предвиди станбена зона за околу 8.000 жители, рече Бочварски.

Тој забележа дека во оваа нова станбена зона ќе се изгради и канализациона и водоводна мрежа, улици и улично осветлување. Бочварски истакна дека како нова локална власт ќе градат квалитетно.

Инаку, новата обиколница ќе овозможи да се растерети и сообраќајниот хаос, но и да се повзрат неколкуте поголеми штипски населби со индустрискиот дел на градот и бањата Кежовица. 

 

 

 

09.10.2017 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега