ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Булеварот „Гоце Делчев“ ќе биде гордост на градот

 

Во програмата од новата ера за Прилеп предвидени се голем број на проекти за централното градско подрачје со кои градот дополнително ќе се разубавува, велат од Општинскиот комет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп.

Оттаму посочуваат дека булеварот „Гоце Делчев“ ќе биде гордост на градот.

-Предвидена е изградба на уште два нови кружени текови кај поранешна “Градска кафеана” како и кај раскрсницата пред домот за култура “Марко Цепенков”, a за таа намена локалната самоуправа ќе оддели буџет во висина од 20 милиони денари. Покрај тоа булеварот ќе добие нови современи пешачки патеки од двете страни на потегот од спомен комплексот “Kарпалак” до хотелот “Липа”. Срцето на Прилеп “Старата градска чаршијa” ќе биде целосно реконструирана, при што ќе се обноват фасадите на дуќаните, ќе се постави ново осветлување, а просторот на чаршијата ќе добие ново партерно уредување, истакнуваат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Оттаму истакнуваат дека во соработка со бизнис секторот ќе се продолжи со обновување и бојадисување на фасадите од зградите во централното градско подрачје, при што бетонското сивило на преостанатите згради ќе замине во историјата.

-Со буџет во висина од 30 милиони денари партерно ќе бидат уредени со посебен режим на сообраќај улиците Андон Слабејко, Орде Тутески, Стеван Димески, Илија Василески, Борка Левата, Сотка Ѓорѓиоски и улицата Републиканска, а предвидена е и изградба на ново шеталиште “Корзо” од улицата Димо Наредникот до паркот на Могила. Заедничкиот станарски простор на Бизнис центарот ќе биде реконструиран и ќе добие ново осветлување, а истото ќе се направи и во други колективни срамбени згради во општината. На површина од 4000 м2, ќе биде довршена со поплочување ул. „Борка Талески“ на потегот од ООУ „Кочо Рацин“ до плоштадот Методија Андонов Ченто. Ќе се постават нови мемерни и гранитни плочи, со модерно осветлување и хортикултурно уредување, како и нова урбана опрема (столчиња,паркинг места за велосипеди, клупи, корпи за отпадоци), велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Оттаму нагласуваат дека на местото на старата општинска зграда и старата зграда на Водовод и канализација, на површина од 8000м2 предвидена е изградба на современ трговско-деловен и стамбен комплекс, а доизграден ќе биде и деловниот центар кај некогашниот млечен пазар каде инвеститор е компанијата Тинекс.

-Овие инвестиции ќе отворат неколку стотини вработувања и позитивно ќе влијаат на развојот на трговијата, а ќе овозможат и дополнителни паркинг места.  Предивена е и реконструкција на мостот кај Димо Наредникот, како и на малиот мост кај новиот трговски центар „City Center“.  Со сите овие проекти и претходно реализираните Прилеп ќе го добие еден од најубавите центри во државата, кој ќе биде мета на голем број домашни, но и странски посетители. Затоа почитувани граѓани, гласајте за бројот 13, гласајте за Марјан Ристески и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ. Да го направиме Прилеп уште подобро и поудобно место за живеење, да го направиме Прилеп гордост на прилепчани, велат од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

09.10.2017 - 17:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега