ВМРО-ДПМНЕ: Со последниот мандат на градоначалникот Ратко Димитровски се отворија повеќе од три илјади работни места преку директни странски инвестиции
Граѓаните на Кочани и цела Македонија го почуствуваа таканаречениот ,,живот’’ кој го донесе СДС. Граѓаните земаа помали плати, пензионерите земаа помали пензии од предвидените, а целокупната македонска економија е во рецесија, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавата на Николчо Илијев кандидат за градоначалник за Кочани од редовите на СДСМ.
-На граѓаните на Кочани не им се потребни продавачи на ветер и магла какви што нуди СДС, туку луѓе со интегритет, работни навики, проекти и идеи каков што е кандидатот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ратко Димитровски. СДС нема право да говори за намалување на невработеноста, кога во нивно време таа достигна катастрофално, рекордно високо ниво од 37 проценти. Благодарение на посветеноста и умешноста која ја поседуваа градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ невработеноста се намали на 22 проценти за само 10 години, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека Ратко Димитровски направи многу за Кочани, тој реализираше голем број на проекти од суштинско значење за општината, но сепак за граѓаните новите вработувања останаа најважни. Само во последниот мандат на градоначалникот Ратко Димитровски се отворија повеќе од три илјади работни места преку директни странски инвестиции. Реализираните проекти на градоначалникот Ратко Димитровски му даваат доблест да се појави на 15 октомври повторно пред граѓаните со крената глава и да ја побара нивната подршка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа