Груевски: Во Валандово направивме многу и ќе направиме многу, Чурлиновски е гаранција за тоа

 

На првиот митинг денеска на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово, ред валандовчани се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој порача уште еднаш да се потсетиме каде бевме и каде сме сега, за да бидеме сигурни на каде одиме.

-Нашата најважна цел во изминатиот период беше намалување на невработеноста и отворање на нови работни места! Во 2006 година во Валандово бројот на вработени лица изнесуваше 1832, во време кога влеговме во Владата, а денес има над 3382. Или од 1.800 на речиси 3.400 вработени лица, со што бројот на вработени лица е зголемен за повеќе од 84 проценти. Ги реконструиравме регионалните патни правци Давидово-Раброво и Струмица– Костурино со вкупна должина од над 30 км и инвестициска вредност од над 170 милиони денари. Исто така, извршивме реконструкција на регионалниот патен правец Валандовско брдо во должина од 3.8 км и вредност од 25 милиони денари, изјави Груевски.

Груевски кажа дека изградиле и реконструирале повеќе локални патишта, меѓу кои Валандово-Пирава, патот Горна Мала-Удово, патот населба Бутел- автобуска станица Пирава, патот Башибос – Бајрамбос и патот Брајковци- Балинци. Асфалтирани се улици во Јосифово, а партерно уредено е и централното подрачје во Собри и Дедели.

-Вложувајќи во младите и нивниот образовен процес, во средното училиште Гоце Делчев во Валандово извршивме целосна реконструкција. Во подрачното училиште Гоце Делчев во Пирава се направи нова термо фасада. Комплетно е рекоструирано основното училиште во Дедели. Реконструкција е направена и во подрачните училишта во Брајковци, Јосифово,  Чалакли. За најмладите отворивме нова дестка градинка во Удово. Ја изградивме спортската сала Филип Втори Македонски и салата во средното училиште ”Гоце Делчев” во Валандово. Изградивме повеќенаменско игралиште во подрачното училиште во Чалакли, како и фудбалско и тениско игралиште во Валандово, изјави Груевски.

Тој напомена и дека реконструирале повеќе терени за мали спортови во Валандово, Јосифово и Балинци. Дека изградиле повеќенаменско игралиште во Грчиште, Раброво, а комплетно е реновирано игралиштето за фудбал во Брајковци.

– Извршивме реконструкција на Здравствениот Дом во Валандово.  Направивме целосна реконструкција на објектот на Домот на културата „25 Мај“. Целосно е реконструиран културниот дом во Балинци. Изграден е и пензионерски дом во Пирава, изјави Груевски.

Груевски спомена дека комплетно е реновирана фестивалската сала Јанко Узунов во Валандово, како и уште многу други работи.

-Продолжуваме да ја следиме нашата патека, со ваша целосна поддршка, со истата љубов и посветеност како првиот ден. Искрено верувам дека изборите на 15 октомври ќе завршат со најдобрите резултати за нашата Македонија. Нашиот народ ќе дојде до соодветни услуги, услуги какви што заслужува.

Груевски напомена дека новата ера за Валандово носи многу нови проекти од програмата, кои за наредните четири години се опишани во програмата Нова ера за Валандово на Николчо Чурлиновски и советничката листа.

– Ќе продолжиме со развивањето и уредувањето на  Развојната зона за откупно дистрибутивни центри во Јосифово.  До индустриската зона Раброво планираме отворање Кванташки пазар за продажба на земјоделски про­изводи. Ќе се асфалтира неасфалтираниот дел од улица „Крушевска“. Ќе се асфалтира патот кој ги поврзува двете населени места Горна Мала и Јосифиово во должина од 1,5 километри. Ќе се изгради патот во село Калково и канализациска мрежа во должина од 2 километри.Планирано е асфалтирање на  улици во селата Калково, Удово, Марвинци, Грчиште, Дедели, Раброво,Чалакли, изјави Груевски.

Еден од проектите како што кажа Груевски планот за асфалтирање на уште една возна лента на Првомајска, со што булеварот ќе добие една целина и ќе биде од влезот до излезот на Валандово со две возни ленти. Тој вети и завршување  на канализациониот систем на селата Брајковци и Балинци. Истовремено, канализациска мрежа ќе биде изградена во Раброво, Чалакли, Собри, Калково, Дедели. Најави изградба и на канализација во Горна Мала.

-Предвидуваме изградба на спортска сала во училиштето Страшо Пинџур во Јосифово. Ќе го реконструираме игралиштето за голем фудбал во село Пирава, со изградба на трибини и комплетна рекон­струкција на соблекувалните. Во Валандово за љубителите на кошарката ќе се изградат 2 единечни кошаркарски игралишта. Ќе изградиме повеќенаменски игралишта за младите во Удово и Калково. Се планира отварање на детска градинка во Балинци. Ќе се изврши промена на кровот на Детската градинка Калинка во Валандово. Ќе го прошириме капацитетот на детската градинка во село Пирава за уште 20 деца. Ќе изградиме  детско игралиште во Валандово на кое ќе поставиме реквизити и ќе го адаптираме за деца до 4-годишна возраст, изјави Груевски.

Тој кажа дек во Валандово ќе се изгради нова пречистителна станица.

-Планираме поставување на мерни станици на реката Вардар и Анска Река  преку кои ќе се мери водостојот на реките. Со ова во секој момент ќе го знаеме нивото на водата и ќе имаме  можност побрзо да реагираме при опасност од поплавување и излевање на реките во населените места кои се наоѓаат по нивното течение.

Тој кажа дека има уште проекти во оваа програма, гаранција за сето ова дека ќе се исполни е Николче Чурлиновски, човек кој добро го познавате и со кој сте на сигурно,

-Човек од Вландово кој направи многу за оваа општина, со многу љубов и ентузијазам, со голема жар досега, така и ќе продолжи да работи. Заедно со носителот на советничката листа Митко Занов, дипломиран шумарски инженер фамилијарен човек, сопруг и татко на две деца, се добитничката комбинација која ќе направи многу за Валандово, изјави Груевски.

Тој кажа дека имаа само уште неколку денови кои преостануваат до 15ти октомври, дека овие избори се многу важни за сите нас.

-Бидејќи луѓето од Македонија не само што ќе ги изберат своите градоначалници.Македонија исто така ќе одлучи за насока која треба да значи светла иднина. Ги повикувам сите граѓани од Валандово, одете на избирачките места и гласајте, гласајте за својата иднина, гласајте за вашата држава, за вашата општина, изјави Груевски.

Тој им порача да не мислат „што може мојот еден глас да направи“.

-Тоа Едно гласање, тој еден глас е клучен. Невработеноста ќе се намали со тоа Едно гласање. Вашите деца ќе добијат подобро образование со тоа едно гласање. Нашите градови ќе се развијат со тоа едно гласање. Токму со вашиот глас. Иднината на Македонија, иднината на нашите деца ќе се реши со тоа едно гласање, на секој од вас поединечно. Затоа, бидете сигурни дека треба да гласате. Одете на гласање со вашето семејство. Оди на гласање како да одите на прослава, со радост и гордост. Затоа што сите ние ќе се разбудиме во посветло утро на 16 октомври. 15 октомври ќе биде ден на победата на Македонија, изјави Груевски.

Ние ветуваме, ќе одиме заедно, ние ќе растеме заедно, ќе бидеме посилни и ќе победиме заедно, изјави Груевски.

 

 

 

09.10.2017 - 21:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега