Франгов: Гевгелија ќе добие нов забавен парк, базен, спортска сала како и регионална комунална депонија
Како кандидат од најголемата политичка партија во Македонија ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија заедно со кандидатите за советници изминативе денови ве посетивме во вашите домови за да ги чуеме вашите размислувања за она што е сторено до сега, вашите забелешки и да ви ги презентираме сите наши идеи за овие локални избори, вели кандидатот за градоначалник на Гевгелија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Иван Франгов.
-Сите овие денови додека се сретнував со вас вие имавте само едно единствено прашање до кога ќе трае ова помрачување од страна на СДС, до кога со потпишување срамни договори, поднесување кривични пријави, кршење на изборни штабови како и притисоци врз државните вработени доколку не гласаат за СДС ќе бидат избркани од работа. Вечерва од овој митинг јас морам да ви порачам едно, не се плашете дојден им е крајот, притисоци, закани е одлика на оние кои не се сигурни во своите политики и способности и знаат дека ја немаат поддршката од граѓаните. Животот кој го ветуваше СДС за граѓаните се претвора во хаос од ден на ден и очигледно е дека тие се плашат од народот и од казната што ќе ги стигне на 15 октомври, а стравот е во тие што сеат страв. Кога немаат програма, концепт и почит кон луѓето околу нив им останува само заплашувањето и лажните ветувања. Јас нема да дозволам моите сограѓани да живеат во страв и ќе се борам со вас со сета сила да го спречам тоа, затоа бидете спокојни затоа што на 15 октомври ќе бидете сами зад параванот и никој не може да види што ќе заокружите и како ќе гласате, потенцира Франгов.
Тој истакна дека не се сомнева дека мнозинството на граѓани на Гевгелија ќе го дадат мнозинството на гласови за него и за советот.
-Мојот против кандидат ветува проекти кои јас веќе ги започнав и веќе се во фаза на завршување, замислете тој ветува нов водоводен систем, а тој веќе се гради и е во завршна фаза со помош на Владата која ја водеше ВМРО-ДПМНЕ. Ветува нова депонија, а лично тој самиот заедно со носителот на советничка листа присуствуваше на јавната расправа за времената депонија, ветува пречистителна станица, а таа веќе пробно работи и се очекува да проработи до крајот на месец ноември, ете тоа се нашите политички противници, само празни зборови и украдени идеи. Секогаш пред себе поставувам повисоки цели и се залагам да ги остварам и тоа во годините зад нас се покажа како успешна приказна и остварувавме се повеќе и повеќе проекти за граѓаните.
Тој во на граѓаните им вети изградба на забавен парк и базен, спортска сала, изградба на нови 14 училници во средното општинско училиште Јосиф Јосифовски со цел обезбедување на едносменска настава а за овој проект се обезбедени и средства од Светска Банка, изградба на нови 8 училници во основното училиште Владо Катарџиев, доизградба на западен булевар со што ќе се пренасочат тешките товарни возила надвор од градот и нема веќе да поминуваат покрај основното училиште Крсте Мисирков.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа