Груевски: Работевме за доброто на секој граѓанин, нашата цел е да ги достигнеме стандардите на граѓаните од развиените земји во светот

 

На централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Гевгелија, пред граѓаните се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој им порача на граѓаните да бидат сигурни дека новата Влада е во паника.

-Тие се во паника затоа што вие забележавте дека овие луѓе не можат да постигнат ништо во текот на своето владеење. Мислеа  или се надеваа дека не можете тоа да го видите и разберете, но не само што останува забележано туку и се чуствува со секој изминат ден. Намалени плати, пензии кои не растат, зголемени трошоци за живот, изјави Груевски.

Тој кажа дека овие луге од власта се неспособни, дека тие се практиканти без искуство и капациет.

Овие луѓе од власта се неспособни.

-Тие не знаат економија, не знаат инвестиции, работа во локална самоуправа. Тие се толку вознемирени и немаат конкретна идеја и план  што да направат во врска со тоа. Тие оставија сè друго настрана и само фрлаат кал врз мене. Тие велат: “ние самите не можеме да сториме ништо, барем да го деградираме Груевски и да го обесхрабриме ВМРО”. Не го трошете вашето време, ова нема никаква смисла. Ние сме горд глас на оваа нација, ние сме независен глас на Македонија. Ние сме Македонија.  Нашето разбирање на работите е дека луѓето се на прво место, изјави Груевски.

Тој напомена дека нивната цел е да го зголемат квалитетот на животот и животниот стандард на граѓаните.

-Колку и да тврдиме дека сакаме победа на локалните избори, ние пред се сакаме да ги освоиме срцата на луѓето. Сакаме да ги допреме нивните животи. Ние не ја поделивме или класифициравме Македонија како Исток или Запад, Север или Југ, додека ги реализиравме нашите проекти и услуги, изјави Груевски.

Тој кажа дека работеле за да се осигураат дека секој граѓанин добива добра услуга, добри проекти и решенија за своето место.

-Нашата цел е да обезбедиме решенија за секој граѓанин на нашата држава, за да ги достигнеме стандардите на граѓаните од развиените земји во светот, нашите деца да добијат подобро образование, за нашите млади да имаат повеќе работни места, за нашите работници да имаат повеќе приходи, на нашите пензионери да им се овозможи да добијат повисоки пензии, подобри социјални и здравствени услуги, изјави Груевски.

Тој напомена дека тие не бараат само победа за претстојните избори, кажа дека тие размислуваат, им даваат приоритет на утрешните генерации.

-Ние размислуваме 10 години однапред. Размислуваме 20 години однапред. Имаме соништа, имаме визија, имаме храброст, љубов и вера. Ја имаме новата ера, новиот проект, новата стратегија, нацата визија, новот утре, новата ера која почнува. Тоа е нашата главна разлика и квалитет од другите, изјави Груевски.

 

 

 

09.10.2017 - 21:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега