Чадиев најави монтажен паркинг до автобуска станица Велес

 

Водејки се од фактот дека бројот на возила во Велес континуирано расте, како локална власт мораме да изнаоѓаме нови сообраќајни решенија. Еден од клучните приоритети кој се наметнува е обезбедување на паркинг простор за автомобилите. Затоа во новата Програма за наредниот мандат го предвидовме проектот- монтажен паркинг до автобуска станица Велес, истакна кандидадтот за градоначалник на општина Велес од ВМРО-ДПМНЕ, Славчо Чадиев.

-Објектот ќе биде изграден на ова место, до автобуската станица, каде што претходно направивме паркинг простор. Со новиот монтажен паркинг бројот на паркинг места од постоечките 100 ќе го зголемиме двојно, на 200. Новиот монтажен паркинг ќе биде изграден со челична поцинкувана конструкција од еколошки материјали. Оваа локација не е избрана случајно. Проценивме дека од овде до центарот на градот, банките, судот, градскиот пазар, автобуската станица и другите институции се стигнува многу брзо.

 

Проектот, додаде тој, ќе се изгради со средства од буџетот на Општина Велес, а неговата вредност е 20 милиони денари.

-Во изминатиот мандат како локална самоуправа многу се посветивме на решавање на проблемот со недостиг на паркинг простор. За 4 години, на повеќе места во градот, изградивме поголеми или помали површини кои ги уредивме во простори за паркирање. Покрај овој до автобуската станица, ги изградивме и паркинзите кај Мало мовче, кај Градскиот пазар до Стариот мост, потоа позади Гимназијата, а исто така уредивме простори за паркирање и на ул. „Невена Георгиева Дуња“, улица 8-ми март, два мини паркинзи во населба Тунел и на други места. За четири години како локална власт во Велес успеавме да создадеме вкупно 643 нови паркинг места, подвлече Чадиев и додаде:

„Тоа е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ. Ние го реализираме ветеното. Затоа на 15-ти октомври, во недела, со заокружувањена бројот 13 можете да бидете сигурни дека овде каде што сме сега во близина на автобуската станица ќе имаме нов монтажен паркинг“.

 

 

 

11.10.2017 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега