Соколов најав бесплатен превоз за делчевските пензионери

 

Кандидатот за градоначалник на Делчево од ВМРО-ДПМНЕ, Иван Соколов, се сретна со делчевските пензионери, при што најави поддршка во реализација на нивните активности и  решавање на проблемите.

Соколов на средбата најави дека ќе обезбеди субвенциониран превоз за пензионерите секоја сабота, кога е пазарен ден во Делчево.

 

– Мојата идеја е да се организира бесплатна автобуска линија за пензионерите секоја сабота, кога е пазарен ден во Делчево. Тоа ќе значи пензионерите кои живеат во околните населени места и се реалтивно подалеку од градската средина да можат да доаѓаат беспатно во Делчево, а потоа и да се враќаат. Субвенцираниот автобуски превоз за пензионерите а е еден од моите проекти кои доколку ја добијам довербата од граѓаните и ќе ја реализирам. Ова е една мала помош и солидарост со пензионерите, бидејќи тие луѓе сработиле во својот работен век и време е ние како држава и како општина да им се оддолжиме на некој начин за нивната работа, рече тој.

Соколов имаше средба и со Ромите, во организација на НВО КХАМ.

 

 

 

12.10.2017 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега