ВМРО-ДПМНЕ со големи и капитални проекти вредни 110 милиони денари во Пржино и Црниче, парите веќе се обезбедни

 

Кандидатот за градоначалник на Општина Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски денеска беше на средба со граѓаните во населба Пржино. Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ како партија ја красат дела кои таа ги има направено, а не празни и извадени од контекст зборови. Тој најави големи и капитални проекти за Пржино и Црниче, вредни 110 милиони денари, за кои веќе се обезбедени средствата, проекти важни за големо подобрување на животот на сите жители од овој дел на Кисела Вода.

-За кратко време ќе бидат изборите, веднаш по изборите започнуваме со изградба на атмосферска канализација на 15 улици во населба Пржино, 15 улици како никогаш досега. Реализацијата ќе биде сигурна затоа што парите се веќе обезбедени од Светска банка, тоа е во вредност од 110 милиони денари. Ќе продолжиме и со реновирање на други улици и во Црниче и во Пржино. На некои улици каде што безбедноста е на пониско ниво, ќе направиме и тротоари за безбедно движење на децата, што ќе биде важно за сите дечиња безбедно да се движат до училиштата и до градинките и назад, изјави Тарчуловски.

 

Тој најави големи инвестиции и во спортско рекреативниот комплекс Славија, кој сега е едно обично игралиште кое е запустено.

-Ќе направиме комплекст кој ќе биде главно собиралиште на сите жители од Црниче и Пржино. Ќе биде комплекс во кој ќе има фудбалски, кошаркарски, ракометни игралишта, каде што ќе се собираат сите млади од населбите, изјави Тарчуловски.

Тој кажа дека нема да биде застанато тука, дека сите проекти кои што се ветени ќе бидат исполнети, дека ќе се бори за секој предел од општината.

На средбата со граѓаните во Пржино беше и носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓоргиевски. Тој кажа дека се дојдени да ја побараат поддршката од граѓаните, бидејќи како политичка партија изминативе години докажале дека се единствени кои што имаат кредибилитет, кои што настапуваат со програма, со јасно предвидени проекти, со јасно предвидени рокови, како и подоцна со отчет за сработеното.

-Изминативе години во никој случај не правевме делење во Оштина Кисела Вода како локална самоурава. Према буџетот наш гледавме да има опфатеност да има во сите населени места. За нас еднакво важни сите жители во Кисела Вода, така беше така и ќе остане. Ние сме гарантот со Јохан Тарчуловски, дека сето она што е ветено во изборната програма и наша во Кисела Вода, но и во градот Скопје, максимално ќе се заложиме во наредните четири години да ја реализираме, изјави Ѓоргиевски.

Тој кажа дека отчето кој што ќе следи после четири години ќе биде доказ, токму и како оној кој сега се подели. Тој побара максимална поддршка за кандидатите за градоначалници за Скопје и Кисела Вода, како и за советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ние како општина самите сме немоќни без градот Скопје, затоа колку е важно да се поддржи нашата листа и нашиот кандидат за градоначалник, толку е важно и советничката листа и кандидатот за градоначалник на Скопје. Тој најави дека секогаш ќе бидат меѓу лугето, како и што било и во минатот, дека не се луге кои само ќе седат по канцелариите.

 

 

 

12.10.2017 - 18:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега