Заев: Кратово ќе биде гасифицирано, ќе се отворат нови работни места
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска беше со граѓаните на Кратово. Пред жителите на Кратово претседателот Заев порача дека советничката листа и кандидатот за градоначалник на Кратово, Љупчо Бојаџиев имаат поддршка од него, и ќе има поддршка од Владата и од парламентарното мнозинство во реализирање на мерките кои носат живот за сите.
Тој ги повика жителите на Кратово на 15 да го поддржат кандидатот за градоначалник на Кратово на СДСМ и советничката листа за реализирање на проекците за подобрување на животот на сите граѓани, за градење по план, за отворена и услужна општина за сите.
- Убеден сум дека можеме да го гасифицираме Кратово. Јас ја гасифицирав Струмица. Овде тоа е многу возможна мисија. Гасификацијата е многу важна, за развојот на индустријата, за отворање работни места, но и заштеда на енергија во училиштата, во детските градинки, во болниците. 68% од енергијата може да се заштеди, по примерот на Струмица.
Кога зборуваме за живот, зборуваме и за политики коишто ќе создадат услови младите да можат да заработуваат и да основаат свои семејства тука, во Кратово. Целта ни е младите да не размислуваат да ја напуштат државата. Младите овде да го планираат животот. Никаде не е подобро од дома - додаде Заев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа