Чадиев: Велешани знаат дека позади нас се делата, дадете ни уште еден мандат во кој Велес ќе го направиме најубав град во Македонија

 

На централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Велес пред граѓаните се обрати и кандидатот за градоначалник на општината, Славчо Чадиев. Тој кажа дека е среќен што велешани ги препознаваат делата, што избираат работници, личности, го бираат напредокот места уназадување, бираат победнички тим, како што кажа Чадиев го избираат ВМРО-ДПМНЕ.

-Браќа и сестри, вечерва во Велес грми на сите страни, грми гласот на народот! Вечерва и овде ја покажуваме нашата сплотеност како партија, но пред како граѓани. Ние не покажуваме сила, не покажуваме моќ како што прави СДС, покажуваме дека сме многу силни, силни сме во идеи,  силни сме во проекти, покажуваме дека на Велес нема да му се случат црни сценарија и дестабилизација и хаос. Овде докажуваме дека Велес и велешани ги поддржуваат и уште долго ќе ги поддржуваат сите политики кои даваат напредок и просперитет за Македонија и за Велес. Посакувам оваа глетка да допре до секој од вас. Посакувам за миг да ја почувствувате целата оваа сплотеност за подобар, поубав и просперитетен Велес. Вие сте тие што создавате успех на градот,  вашите гласови го прават Велес моќен, силен, а нашата работа е тоа што сите нас заедно не прави среќни! Токму затоа граѓаните на Велес велат да за работниците, велат да за инвестициите, велат да за делата, велат да за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Дозволете да го изразам моето лично задоволство што втор пат по ред сум кандидат за градоначалник од мојата матична партија ВМРО ДПМНЕ. Велес е мојот град. Роден сум тука, целиот живот сум го поминал тука. Затоа, голема е честа да се раководи со Велес. Уште поголема е честа да се биде по втор пат на чело на најдобрата општина во Република Македонија, изјави Чадиев.

 

Тој кажа дека вечерва излегува со крената глава и со чист образ, бидејќи зад себе го има реализирано најуспешниот градоначалнички мандат во Општина Велес досега, дека зад себе има реализирано 370 проекти за подобар живот на сите граѓани на Велес.

-Ја направивме Индустриската зона „Караслари“ каде се отвори фабриката „Маркарт“ во која работат 500 наши сограѓани. Изградивме 2 нови кружни текови, изработивме 120 проекти од областа на инфраструктурата, вложивме многу во образованието, животната средина, спортот, културата, туризмот, социјалната заштита, Се што градиме и создаваме е со цел да го направиме Велес по мерка на велешани. Да овозможиме во него да растат и работат граѓани кои што својата иднина и иднината на своите деца ќе ја гледаат тука, изјави Чадиев.

Чадиев ја престави и својата програма во која се наведени 148 реални проекти кои ќе го направат Велес посовремено и подобро место за живеење.

-Економијата останува нашиот главен приоритет. Само таќа ќе создадеме услови за економски развој и нови вработувања. Ќе продолжиме да ги развиваме индустриските зони во Мамутчево, Речани, УЗУС, а ќе отвориме и нова кај поранешната фабрика „Елегант“. Ќе изработиме студија за изградба на гасоводна мрежа на град Велес. Како едно од решенијата за намалување на сообраќајната гужва ќе биде изградбата на обиколница, други решенија се кружни текови на крстоцницата кај Панини, кај Круг, на делот каде сега се поставени семафорите, кај споменикот на Панко Брашнаров и во близина на Башино Село. На паркинг просторот до Автобуската станица ќе изградиме монтажен паркинг .Покриениот градски пазар, кој ќе беше во напредна фаза од изградбата да не се случеше политичката криза, ќе биде завршен. Ќе изградиме пешачки мост со кој ќе ја споиме населбата Речани со централното градско подрачје. Поранешното училиште ЈХК Џинот ќе се пренамени во Центар за лица со посебни потреби и во Детска градинка, а Офицерскиот дом во Градска библиотека. Туристичкиот локалитет Езеро Младост дополнително ќе се уреди. Ќе започнеме и постапка за одвојување на атмосферските води од фекалната канализација со изградба на прочистителна станица за отпадни води за град Велес. Нема да се намали интензитетот на вложување во образованието, затоа што децата мора да имаат најдобри услови во училиштата. Ќе продолжиме да подигнуваме нови зелени површини во намерата да живееме во поздрава средина. Како и досега нема да ги заборавиме населените места во околината на Градот. Секаде ќе се реализираат одредни проекти кои ќе значат подобар живот за граѓаните. Вложувањата во спортот ќе продолжат. Една од главните цели ќе ни биде да го издигнеме брендот Борец и да го направиме спортско друштво, изјави Чадиев.

Тој најави големи инвестиции во спортот, во сите населени места во Велес, како и помагање на спортските клубови во Велес.

-Велес урбанистички ќе се развива со носење на нови плански опфати. Ќе воспоставиме Центар за култура и млади, и Центар за фолклор и танци.Предвидовме 6 милиони денари за решавање на проблемот со бездомните кучиња. Ќе доделиме 800 субвенции во висина од 3000 денари за навбавка на нови велосипеди. Обезбедивме 300 бесплатни градежни парцели за млади брачни парови. Во Градот и во населените места ќе се реконструираат 47 улици. На Велес му останаа уште 47 улици, рекноструиравме 107, ќе ги реконструираме и другите 47, изјави Чадиев.

Тој кажа дека оваа програма значи продолжување на патот кој заеднички го трасираме 4 и пол години.

-Затоа вечерва пред вас велиме: Дајте ни уште еден мандат, со кој Велес ќе го направиме најубавиот град во Република Македонија, место по мерка на младите и град со широки перспективи. Да имаме успешни резултати, да сме најдобри, да имаме подобар живот потребно е заедништво и сплотеност помеѓу нас. Потребно е да дишеме како еден без разлика дали сме од Долни Куќани, Мегдан, Којник, Камено Брдо, Тунелот, Ќерамидна, Нова населба, Дворови, или останатите населби и маала од градот. Без разлика дали сме од Иванковци, Караслари, Бузалково, Башино Село или од некое друго населено место, сите сме Велес. Ние сме едно. За сите вас вратата на Градоначалникот во изминативе 4 години беше отворена, така ќе биде и понатаму. Можноста да одлучувате за одредени делови од градот и понатаму ќе ви припаѓа Вам, изјави Чадиев.

Тој порача дека Велес отсекогаш бил град кој се издвојувал со прогресивни идеи и луѓе кои се бореле за поубава иднина. Не само оние истакнатите, туку и оние секојдневни луѓе со кои се буди и заспива градот.

-Сега гледам дека во Велес, луѓето се уште не се променети. Од времето кога под Прцорек беше учител Џинот, кога по велешките калдрми на Мегдан и Којник чекореше Рацин, кога за слободата сонуваше Неделковски, па се до денес кога секој наш сограѓанин сака напредок, се труди за поубаво утре, сака сигурност и благодет. Сето тоа драги мои пријатели се постигнува само со напорна работа. Велешани се мудри луѓе, велешани не можат да бидат измамени со ефтина шминка и празни зборови. Велешани на потешкиот начин научија дека може да се верува само на дела, а ВМРО-ДПМНЕ зад себе има единствено тоа – дела и работа. Пред четири години истите луѓе ја бараа вашата поддршка. Тогаш Вие им кажавте не. И сега повторно истите луѓе само со празни ветувања излегуваат и бараат поддршка. Силно верувам дека и на овие избори ќе им кажем не, изјави Чадиев

Тој напоема дека за сето ова што вечерва го кажал пред нив, е спремен и да го реализираја. Тој порача дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвен заеднички да продолжиме каде што застанав, затоа ги повика и сите велешани да им се придружат..

-Кога сме заедно ништо не може да ни застане на патот, сите цели кои ќе ги поставиме се остварливи. Новата во Македонија секогаш започнува од Велес, градот на преродбата, градот на македонската авангарда. Од Велес тргнуваат и победите. Ајде на 15 октомври за го заокружиме бројот 13 и да ја покажеме силата на Велес. Заедно да тргнеме со големи чекори напред, изјави Чадиев.

 

 

 

 

12.10.2017 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега