ДИК најави три прес-конференции на денот на изборите

 

Државната изборна комисија (ДИК) најави дека в недела, на денот на локалните избори ќе одржи три прес-конференции, во 10:00, во 13:00 и во 17:00 часот.

На прес-конференциите ќе бидат објавувани информации за излезноста и за текот на гласањето. Пресовите ќе бидат отворени за домашните медиуми, домашните и странските акредитирани набљудувачи, странските акредитирани новинари, како и за овластените претставници на подносителите на листи на кандидати.

По затворањето на избирачките места во 19:00 часот, ДИК тековно ќе ги објавува првичните неофицијални резултати од локалните избори. 

 

 

 

13.10.2017 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега