МВР апелира да се почитуваат изборните правила
Министерството за внатрешни работи апелира до политичките партии и нивните симпатизери да ги почитуваат изборните правила, да се воздржуваат од какви било нарушувања на јавниот ред и мир, бидејќи секакво однесување спротивно на законите МВР нема да го толерира.
- МВР ќе преземе се што е потребно в недела, 15 октомври, граѓаните непречено и мирно да го искористат своето уставно право на слободно изјаснување на својата политичка волја, соопшти попладнево МВР.
Во изминатите неколку недели, се додава, МВР презеде низа мерки и активности во насока на максимално обезбедување на мирни, фер и демократски избори во Република Македонија. Исто така, во рамки на сите организациски единици коишто непосредно ќе бидат ангажирани во обезбедувањето на изборниот процес согласно законските обврски и надлежности, а во тесна соработка со мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, завршена е обуката на полициските службеници, изготвени се програми и планови за работа и следење на текот на изборите коишто ќе бидат координирани од посебен оперативен штаб на ниво на министерството, како од аспект на јавниот ред и мир, така и од аспект на спроведување на нормите од изборното законодавство.
Од Министерството за внатрешни работи наведуваат дека во најкус можен рок ги расчистиле сите изолирани инциденти кои се случија во предизборната кампања и најавува дека на ист енергичен начин ќе се постапува и во преостанатиот период, како и на самиот ден на изборите. Потенцира дека е забрането какво било учество на полициските службеници во политичка пропаганда за која било од политичките партии, бидејќи, посочува, тие треба да бидат во служба на граѓаните, а не во служба на политичките партии.
Внатрешната контрола на МВР веднаш ќе реагира во каков било случај каде има индиции за злоупотреба од страна н
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа