Митинг на СДСМ вечерва во Белчишта
Коалицијата „Живот во Македонија” вечерва на митинг во Домот на културата во Белчишта го промовираше кандидатот за градоначалник на Дебрца Зоран Ногачески.
Според Ногачески, граѓаните сакаат градоначалник кој ќе ги прими и сослуша и затоа општина Дебрца ќе биде отворена и тренспарентна за ситe.
- Градиме една општина за сите. Градиме инфраструктура за сите, Дебрца да биде чиста животна средина, истакна Ногачевски.
Тој доадде дека ќе се залага да нема регионална депонија во Дебрца, како и за локален економски развој, повеќе пари кај граѓаните, можности за сите.
- Општина на социјална сигурност – повеќе пари за социјални трансфери. Квалитетно образование за сите. Квалитетни и одржливи комунални услуги. Младите во фокусот на локалните политики, рече Ногачески, претставувајќи ги приоритетите.
Претседателот на СДСМ Зоран Заев нагласи дека идната локална власт ќе има максимална поддршка од централната власт.
- Ќе овозможиме повеќе пари за граѓаните, субвенции за земјоделците, средства за поттик на претприемништвото за младите да ни останат тука. Заедно донесеме нов закон за повисока минимална плата од 12 000 денари, закон за стечајни работници, укинување на екстерното тестирање, враќањето на ефтината тарифа и дека повеќе нема да плаќаат радиодифузна такса, истакна тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа