Голема излезеност и во Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово утринава

 

Гласањето на шестите локални избори во општините од југоистокот на Македонија се одвива мирно и без проблеми, потврдија од општинските изборни комисии во Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово.

Најголема е излезеноста во општина Гевгелија, каде што до 10 часот на 37 избирачки места гласале 13,5 отсто од евидентираните гласачи или 2.623 граѓани.

На 12 гласачки места во општина Богданци правото на глас до 10 часот го искористиле 783 гласачи или 11,3 отсто. Во општина Дојран до 10 часот на осумте гласачки места гласале 311 граѓани или 11,3 отсто. Во општина Валандово на 24 избирачки места правото на глас до 10 часот го искористиле 9,96 отсто или 1.009 граѓани.

 

 

 

15.10.2017 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега