Во Куманово излезеноста до 10 часот 8,1 процент

 

Во Куманово излезеноста до 10 часот според претседателот на ОИК, Звонимир Николовски е 8,1 процент.
 
Во Куманово сите 167 места навреме се отворени, информира претседателот на ОИК Звонимир Николовски. Право на глас во општината имаат 92.639 граѓани.
 
Во општина Липково, пак, до 10 часот гласале 963 гласачи, информираше заменик претседателот, Оливера Цветковска. Во Липково, право на глас имаат 25.070 лица кои гласаат на 36 места.
 
До 10 часот во општина Старо Нагоричане гласале 9, 2 проценти. Сите 37 избирачки места во општина Старо Нагоричане навреме се отворени информираше претседателот на ОИК Драган Јовановски. Материјалот навреме е дистрибуиран. Во оваа општина право на глас имаат 3.428 места. 
 

 

 

15.10.2017 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега