Прекин на гласањето во Аеродром, повикана полиција - еве што се случило

 

На едно избирачко место во општина Аеродром имало прекин во гласањето, откако еден гласач кому му биле дадени четири гласачки ливчиња, а кога ги ставал во гласачките кутии кај себе имал само три, потврдија од Државната изборна комисија.

Од ДИК контактирале со претседателот на Општинската изборна комисија во општина Аеродром кој ги информирал, по што повикале полиција и било утврдено дека гласачот бил повозрасен човек, кој две од ливчињата по грешка ги ставил во една кутија, така што немал ливче да стави во последната гласачка кутија.

 

Во врска со овој настан бил направен и записник. По ова гласањето на избирачкото место во општина Аеродром продолжило. (МИА)

 

 

 

15.10.2017 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега