Гласањето во Берово во село Ратево прекинато

 

Во избирачкото место 013 во ОУ „Цветан Димов“ во село Ратево, во општина Берово, гласањето беше прекинато пола час, од 9:30 до 10 часот, поради тоа што на кочанот со гласачките ливчиња немало бројчиња, јавува набљудувач на „Цивил“.

На избирачкото место дошле претставници од општинска изборна комисија и дозволиле гласањето да продолжи, откако претседателот на ИК ставил ливче во кочанот до страницата каде што имало бројчиња, и од кои ливчиња ќе продолжи да се гласа без бројче на гласачкото ливче. Кочанот не е сменет.

 

 

 

 

 

15.10.2017 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега