МВР со детали за гласањето - еве колку пријави добиле

 

 Изборите засега се одвиваат без посебни проблеми или какви било нарушувања. Полицијата е на терен и постојано го следи процесот, соопшти денеска на прес-конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

- Според него, има седум пријави за делење поткуп на кои се работи, а на 20-ина места гласањето било прекинато од технички причини и потоа продолжило регуларно. 

Само во ОУ „Петар Здравковски Пенко“ во општина Бутел имало вербална расправија и обид за физичка пресметка која, како што нагласи Ангеловски, немала никаква врска со изборите.

- Ако граѓаните видат каква било неправилност или нерегуларност при гласањето да пријават до МВР, а партиите да се воздржат од секакво нарушување на јавниот ред и мир, порача Ангеловски.

 

 

 

15.10.2017 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега