До 13 часот во Кочани гласале 33,3 отсто, во Виница 28,7 отсто
Во Кочани излезеноста до 13 часот изнесува 33,3 отсто од вкупниот број на запишани 33.264 граѓани со право на глас. На гласање излегле вкупно 10.791 лица, информира претседателката на ОИК Кочани Марија Гоцева, пренесе МИА.
Во Виница од ОИК истакнуваат дека до 13 часот гласале 4.976 граѓани со право на глас од запишаните 17.354 или во проценти излезеноста е 28,7 отсто.
Во општина Зрновци излезеноста на гласачите до 13 часот изнесува 30,7 отсто. Од запишаните 2.628 гласале 807 граѓани.
Излезеноста во општина Чешиново-Облешево до 13 часот е 28,8 отсто. Од запишаните 5.695 лица, гласале 1.639 гласачи.
Општинските изборни комисии на Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево истакнуваат дека гласањето се одвива нормално, во фер и демократска атмосфера, без инциденти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа