До 13 часот во Охрид гласале 25, во Струга 22, во Дебрца 32 отсто од гласачите

 

До 13 часот на локалните избори во Охрид излегле и гласале околу 25 отсто од 52.858 граѓани со право на глас, а изборниот процес се одвива непречено во фер и демократска атмосфера, без нерегуларности.

Во Струга излезноста на изборите до 13 часот изнесува 22,8 проценти од вкупно 60.530 регистрирани гласачи. Од ОИК во Струга известуваат дека досега тие не добиле никакво официјално соопштение за какви било нерегуларности во изборниот процес.

 

Во Дебрца до 13 часот гласачкото право го оствариле 32 отсто од вкупниот број 4.625 регистрирани граѓани во избирачкиот список. Во Дебрца нема никакви проблеми ниту нерегуларности во изборниот процес.

 

 

 

 

15.10.2017 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега