Без проблеми тече изборниот процес во Прилеп
Без проблеми и мирно се одвива гласањето во Прилеп на сите 142 избирачки места, потврдуваат од општинката изборна комисија.
Од комисијата соопштуваат дека до 13 часот на гласање излегле 37,73 проценти од запишаните 64.924 граѓани со право на глас, но со напомена дека тоа е процентот од 117 избирачки места.
Нема проблеми и застој во изборниот процес ниту во Крушево, Кривогаштани, ниту во општина Долнени, информираат општинските изборни комисии. Во Крушево до 13 часот правото на глас го оствариле 38,1 отсто од избирачите, во кривогаштани 28 проценти, а во општина Долнени до 13 часот гласале 18 отсто од избирачите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа