Украден паричник на член на изборната комисија во Шуто Оризари
Додека течело гласањето во општина Шуто Оризари, во Основното училиште „26 Јули“, еден од членовите на изборната комисија останал без својот паричник.
-Евидентирана е и една кражба на избирачко место во Шуто Оризари во ОУ “26 Јули“. Имено во периодот од 06,00 до 09,30 часот на избирачко место бр.2957 непознат сторител од чанта на оштетената Ј.И. (службено присутна на тоа избирачко место) одзел паричник во кој имало 1.200 денари и други лични документи и платежни картички на оштетената. Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.
15.10.2017 - 16:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа