Прекин во гласањето во Чаир - еве што се случило
Еден час застаој на избирачкиот процес на гласачкото место 2884 во Чаир, откако избирачкиот одбор забележал дека еден од гласачите земал едно ливче повеќе за избор на граданачалник.
Избирачкиот одбор го прекинал гласањето , по што било утврдено дека се работи за ненамерна техничка грешка.По направениот записник и констатирана забелешка, гласањето продолжило без проблеми, информираат од оваа гласачко место.
„Наместо да земе ливче за гласање за избор на градоначалник и листа на советници, тој земал две исти.Ова е ненамерна грешка, од невнимание, констатирано е дека нема повреда на избирачкиот процес и гласањето продолжи да се одвива нормално, изјавил Ѓулсерен Алију “претседател на избирачкиот одбор за гласачко место 2884.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа