Во Гостивар до 17 часот на гласање излегле 37 проценти од избирачите

 

На денешното гласање во општина Гостивар, според податоците на ОИК до 17 часот правото на глас го искористиле 29.531 или 37,1. Изборниот процес во оваа полошка општина засега се одвива без посериозни потешкотии или нарушувања на изборниот процес.

Во избирачкиот список за општина Гостивар има вкупно 79.569 лица кои гласаат на 121 избирачко место.

Во општина Врапчиште на 39 избирачки места гласале 8.856 лица 38,8 проценти од вкупно запишани 25.377 лица.

Во општина Маврово - Ростуше до 17 часот на гласање излегле 3.067 лица 31 процент, во најмалата по бројност општина во гостиварскиот регион во избирачкиот список се запишани 9.847 лица кои гласаат на 39 избирачки места.

 

 

 

15.10.2017 - 17:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега