Инцидент на гласањето во Кисела Вода
Набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ на денешното гласање забележале прекршоци. Регистрирана е изборна нерегуларност со пресекот до 17 часот.
Ова беше соопштено на прес-конференција попладневно на која извршникот директор на МОСТ Дарко Алексов посочи дека непочитување на постапката на гласање и реакција од страна на избирачките одбори е забележано на гласачкото место 2762 во општина Кисела Вода, каде на гласач кој имал траги од мастило не му било дозволено да гласа.
Гласачот почнал да протестира, биле повикани претставници од ОИК кои на членовите на ИО им пренеле дека треба сами да одлучат дали ќе му дозволат да гласа.
Гласачот почнал и да се заканува, по што членовите на ИО гласале и било одлучено да му се дозволи да гласа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа